ПАКУВАН ЦЕМЕНТ - МЦ5 - УСЈЕМАЛ/ШАРМАЛ

„Усјемал“ е брендираното име на нашиот ѕидарски цемент MC-5, класа на цврстина 5 во согласност со стандардот MKC EN 413-1. Тоа е хидраулично врзивно средство со висок степен на пластичност и трајност. Минималната содржина на клинкер изнесува 25%, додека другите главни состојки се варовник, летечка пепел, природен гипс (за контрола на врзувањето) и хемиски додатоци (адитиви за вовлечен воздух - порозност). Ваквата композиција на составните материјали обезбедува добра обработливост, едноставна примена, боја блиска до онаа на цементот и добри термоизолациски карактеристики.

Апликација на производот

Усјемалот се користи за подготовка на ѕидарски малтери за ѕидање со цигли и/или блокови како и за малтерисување на ѕидови. Воздушните микро-пори обезбедуваат добра обработливост, зголемена мразо-отпорност (имаат улога на еластични амортизери) додека, пак, смесата на разновидни минерални состојки обезбедува одлична атхезија (лепливост) за керамички или бетонски блокови и за природен камен. Основните атрибути на усјемалот се: пластичност, обработливост, атхезија (лепливост) отпорност на мраз и на механички влијанија.

Изјава за својства

Во согласност со МКС EN 413-1.
Декларацијата за перформанси за клучните атрибути на производот може да се најде тука.

 

Здравје и безбедност

Контактот со влажен цемент, влажен бетон, може да предизвика иритација, дерматитис или сериозни алкални изгореници. Контактот на цементна прашина со телесни течности (на пример, пот и влага на очите) може да предизвика иритација, дерматитис или изгореници. Тоа подразбира сериозен ризик од оштетување на очите. Носете соодветна, непропустлива заштитна облека, ракавици и заштита на очите/лицето. Во случај на контакт со очите, веднаш исплакнете со многу чиста вода и побарајте лекарска помош. По контакт со кожа, веднаш исплакнете со многу чиста вода. Се чува вон дофат на деца. Содржи хром (VI). Како дополнителна заштита се врши редукција на хромот со оксидациска состојба VI, чијашто концентрација не смее да биде поголема од 2ppm во пакуван цемент. Може да предизвика алергиски реакции, чиј ризик е поголем доколку цементот се користи надвор од датумот на употреба, наведен на пакувањето и во документите за испраќање.