ТИТАН Усје на 19 јуни ги отвори вратите за своите вработени и нивните најблиски на традиционалниот настан „Ден со семејствата“, организиран во кругот на фабриката. Овој посебен ден беше посветен на дружење, зајакнување на тимскиот дух и споделување на вредностите кои се во срцето на нашата компанија – соработка, почит и грижа едни за други.
Настанот беше исполнет со активности за сите генерации – од креативни работилници, забавни игри за најмладите, до музика, вкусна храна и релаксирана атмосфера за возрасните. Посебно внимание беше посветено на децата, кои уживаа во анимација, уметнички активности, дружба со маскоти и големите скокачки трамболини.
Ова беше и можност за вработените да им покажат на своите семејства каде и како работат, поттикнувајќи чувство на гордост и припадност.
Во рамки на настанот, свечено беа доделени јубилејни награди на вработените кои одбележуваат 10, 20, 30 и 40 години лојална и посветена работа во компанијата. Со ова ја изразивме нашата длабока благодарност и почит за нивниот придонес и континуирана посветеност кон развојот и успехот на ТИТАН Усје.
ТИТАН Усје останува посветен на создавање на позитивна работна култура и на подобрување на добросостојбата на своите вработени и нивните семејства.
Благодарност до сите кои беа дел од овој прекрасен ден – заедно создаваме незаборавни моменти и уште посилна заедница!




