Агрегати

Со производството на готов бетон и агрегати се постигнува вертикална интеграција на производството во Цементарница УСЈЕ.
Производството на агрегати почна во 2008 година, во производствениот погон, коп за варовник Говрлево.

Агрегатите се стандардизирани производи што наоѓаат широка примена во градежништвото.

Од аспект на гранулацијата тие може да бидат фини и крупни, а во зависност од примената може да бидат агрегати за производство на готов бетон и агрегати за изработка на патишта (тампони), како и агрегати за други намени.

Нашето производно портфолио на агрегати се состои од следниве производи:

  • Варовничка фракција 0-4 мм
  • Варовничка фракција 4-8 мм
  • Варовничка фракција 8-16 мм
  • Варовничка фракција 16-31,5 мм
  • Варовничка фракција >31,5 мм
  • Варовнички тампон 0-31,5 мм
  • Варовнички тампон 0-63 мм
  • Декоративен камен


Цементарница УСЈЕ АД постојано вложува во нова опрема за да одговори на барањата за висок квалитет и обем на пазарот. Агрегатите се продаваат со товарање во самиот коп за варовник во Говрлево каде што материјалот се мери прецизно со електронска колска вага.

Сертификат за сообразност на контрола на фабричкото производство 155-ZGP-0006

Изјава за својства 011-USJE-01

Изјава за својства 012-USJE-01

Изјава за својства 013-USJE-01

Изјава за својства 014-USJE-01

Изјава за својства 015-USJE-01

Изјава за својства 016-USJE-01