Во 2010 година, УСЈЕ го објави првиот извештај за Корпоративна општествена одговорност и одржлив развој. Оттогаш извештаите се објавуваат на редовна основа, сумирајќи ги најважните годишни финансиски и нефинансиски резултати и придонесот на компанијата во различни општествени сегменти.
На оваа страница може да ги погледнете извештаите од различни години.
ЗА ИЗВЕШТАЈОТ ЗА ОДРЖЛИВОСТ ЗА 2021 ГОДИНА
Извештајот на ТИТАН Цементарница УСЈЕ за 2021 година е подготвен во согласност со начелата за известување за одржливоста на ТИТАН Цемент интернационал С.А. кои се дефинирани со повикување на начелата на Конференцијата на Обединетите нации за трговија и развој (UNCTAD), Упатствата за известување од Глобалниот договор на Обединетите нации, Глобалниот договор на ОН за известување за напредокот, Упатствата на Глобалната асоцијација за цемент и бетон (GCCA), Целите за одржлив развој на Обединетите нации (ЦОР) за 2030 и Одборот за сметководствени стандарди за одржливост (SASB) за конкретни клучни индикатори на успешноста (KPIs).Овој Извештај, 13-ти по ред, е во целосна сообразност со глобалниот секторски пристап на Групацијата ТИТАН во однос на следењето, известувањето и проверката на резултатите во животната средина, придонесот кон општеството и корпоративното управување.
Цементарница УСЈЕ АД Скопје (УСЈЕ) е членка на Групацијата ТИТАН (нашата матична компанија e членка на UNGC) и членка на локалната мрежа на Глобалниот договор на Обединетите нации во Северна Македонија, ние ги користиме иконите за Целите за одржлив развој, поврзувајќи ги со содржина и со информации што се присутни во конкретниот дел од Извештајот.