Управување со води

Цементарница УСЈЕ употребува т.н. „сува технологија“ за производство на цемент, што значи дека водата не се користи во главниот процес на производство. Водата единствено се користи како средство за ладење, при што нема никакво испуштање отпадни води во околината, односно таа повторно се употребува во т.н. затворен систем.

Постојаните напори на Цементарница УСЈЕ за зачувување на водата како природен ресурс се рефлектираат во одржливото управување со водата во фабриката, кое вклучува:

  • Употреба на вода од градската водоводна мрежа само за санитарни потреби;
  • Редовни мерења на квалитетот на искористената вода за санитарни потреби што се испушта во канализациската мрежа;
  • Затворен систем за филтрирање и рециклирање на техничката вода (за ладење на опремата);
  • Одвојување на водите од канализацијата од атмосферските води;
  • Собирање на атмосферските води и водите со кои се прскаат улиците во фабриката во отворени канали и нивно филтрирање во сопствена пречистителна станица.