Соработка со засегнатите страни

Соработката со засегнатите страни е важен елемент во нашиот пристап кон одржливоста. Преку континуирана соработка градиме поголема доверба со сите засегнати страни, го подобруваме нашето разбирање за нивните потреби и проблеми и го зајакнуваме и го продлабочуваме нашето партнерство.

Остваруваме блиска соработка со поединци и групи во заедниците каде што работиме за да учиме едни од други, да развиваме вештини и да се соочиме со предизвиците.

Покрај тоа, активно учествуваме во дискусиите и во соработката со другите компании и колеги од индустријата, со академските кругови и невладините организации за да ги подигнеме стандардите, да развиеме подобри градежни материјали и да го споделиме знаењето. Овие заеднички активности ни даваат повратна информација за сите области на нашето работење за да можеме да продолжиме да се подобруваме.

Бараме повратни информации од клучните засегнати страни преку:

  • Директно истражување
  • Испитување на мислењето
  • Онлајн истражувања
  • Презентации
  • Состаноци
  • Тематски форуми

Нашите клучни засегнати страни се:

  • Нашите вработените
  • Добавувачи и изведувачи
  • Купувачите
  • Локалните заедници
  • Невладините организации (НВО)
  • Регулаторни тела, институции на државно и на локално ниво
  • Добавувачи и бизнис-партнери
  • Акционерите
  • Пошироката јавност и медиумите