За нас

Цементарница УСЈЕ АД Скопје е производител на цемент и на други градежни материјали. Како членка на Групацијата ТИТАН, работи според најдобрите светски практики водејќи грижа за потребите на општеството и одржливиот развој преку одговорност и интегритет.

УСЈЕ е основана во 1955 година и денес е една од најголемите домашни компании со значаен придонес во развојот на земјата. Вработува повеќе од 250 вработени, a преку соработката со локални добавувачи и изведувачи овозможува создавање нови работни места. Компанијата управува со 3 рудници – рудник за лапорец Усје, рудник за варовник Говрлево и рудник за песок. Покрај производството на цемент, УСЈЕ поседува и погон за готов производ и агрегати, во кој произведува различни видови бетон. Со своите производи го снабдува домашниот пазар, како и пазарите во регионот (Косово, Албанија и Бугарија).

Цементарница УСЈЕ создава вредност преку трансформација на суровините во основниот градежен производ – цементот, служејќи ѝ на општествената потреба за квалитетно, безбедно и трајно домување и инфраструктура.

Цементарница УСЈЕ е посветена кон одржливост и има за цел да одговори на глобалните предизвици за одржливост во рамките на Целите за одржлив развој на Обединетите нации 2030.
Цементарница УСЈЕ е членка на Глобалниот договор на ОН од 2008 година.