Автопат Демир Капија – Смоквица

Како дел од Коридорот 10, делницата Демир Капија – Смоквица претставува модернизација на автопатната инфраструктура во Република Северна Македонија и значајно доближување до стандардите на ЕУ. Оваа делница, со должина од 28,2 километри, претставуваше сложен проект и од аспект на геологија и од аспект на геотехника, пред сè поради изградбата на многу специфични тунели, вијадукти и високи насипи. Во должина на целата траса, изведени се повеќе од осум милиони метри кубни високи насипи и длабоки ископи во теренот, шест моста, два тунела со должина од 1,2 километри, две клучки кај Миравци и кај Смоквица и 100 канали. Цементарница УСЈЕ беше дел од овој проект преку снабдување на изведувачот на проектот, грчката компанија „Актор“, со цемент од типот CEM II/A-V 42,5 R за сите бетонски изведби. Квалитетот на нашиот производ дополнително придонесе за безбедноста на овој автопат и поставените високи стандарди за оваа делница.
Проектот е финансиран од ЕБОР, ЕИБ и од Буџетот на Република Северна Македонија.