Нашиот фокус

Во текот на повеќе од шестдецениската историја на Цементарница УСЈЕ, преку нашите деловни операции и производи се обидувавме да создадеме дополнителни придобивки за луѓето, за општеството и за животната средина.

Цементарница УСЈЕ е целосно усогласена со Целите за одржлив развој на ОН. Во нашиот фокус е соработката со меѓународните партнери и со сите засегнати страни на локално ниво, преку која веруваме дека можеме да придонесеме во заштитата на животната средина, развојот на подобри производи и подигнување на стандардите во индустријата, со што ќе обезбедиме подобри услови за одржлив развој што ќе ги задоволи потребите на сегашноста, без да ја загрози способноста на идните генерации да ги задоволат сопствените потреби.