Политики на групацијата

Цементарница УСЈЕ ги има усвоено и во своето секојдневно работење ги
применува Кодексот на однесување и  политиките на Групацијата ТИТАН. 

Политика против поткуп и корупција има за цел да обезбеди усогласеност со соодветните правила за забрана на поткуп и корупција. Политиката важи за сите вработени, претставници и посредници на Групацијата ТИТАН, од кои се очекува да ги следат највисоките стандарди на професионално и лично однесување во секое време.

Справувајќи се со низа прашања поврзани со поткуп и корупција, оваа политика е во согласност со сите важечки закони и ги содржи глобалните стандарди на Групацијата ТИТАН.

ТИТАН е усогласен со сите применливи закони за спречување на поткупот, вклучително и Законот за коруптивни практики во странство на САД (FCPA), Законот за поткуп на Велика Британија (UKBA) и локалните закони во секоја земја во која работи.

Политиката и упатствата за усогласеност со законот за конкурентност имаат за цел да обезбедат усогласеност со законите за конкурентност во секоја земја каде што работи Групацијата. Политиката и упатствата ја ставаат одговорноста врз сите деловни единици и субјекти контролирани или управувани од Групацијата ТИТАН, како и на секој вработен во ТИТАН, да се однесува кон сите клиенти и добавувачи правично, еднакво и отворено.

Политиката ги води вработените преку основните принципи на законот за конкурентност и помага да се идентификуваат решенија каде што може да се појават релевантни проблеми. Покрај тоа, дадени се неколку упатства, кои даваат преглед на клучните одредби на законот за конкуренција и ги наведуваат видовите на однесување што може да предизвикаат антимонополски прашања. Од вработените во ТИТАН исто така се бара да најдат стручни совети кога се соочуваат со прашања што вклучуваат закони за конкуренција или кога се сомневаат во усогласеност.

Политиката за корпоративна општествена одговорност (КОП) воспоставува рамка за остварување на нашите деловни цели на општествено одговорен начин преку придонес кон благосостојбата на нашите вработени и нивните семејства, одржливоста на заедниците во кои работиме и општеството воопшто.

КОП е основна вредност на ТИТАН, а посветеноста да оствариме позитивно влијание врз светот околу нас, ја надминува законската и регулаторната усогласеност. Целта на оваа политика е да додадеме вредност на нашиот бизнис преку промовирање добри деловни практики, подобрување на нашиот углед, зајакнување на нашата лиценца за работа и подобрување на нашата конкурентност.

Наша цел е проактивно и континуирано да се подобруваме во оваа област и да се приспособиме на постојаното менување на деловното и општественото опкружување, создавајќи одржлива вредност за сите. Основно за ова е слушање, ангажирање, комуницирање и градење меѓусебна доверба со нашите засегнати страни.

Политиката за животна средина ја рефлектира нашата заложба за одржлив развој и нашиот пристап кон решавање на предизвиците и можностите од климатските промени.

Главните елементи на нашата политика за животна средина вклучуваат: процена на влијанијата, рехабилитација на каменоломи, заштита на локалната биолошка разновидност, зачувување и грижа за водните ресурси, обновување ресурси и управување со отпад, создавање еколошки одговорна култура со нашите деловни партнери и вметнување иновации во нашата стратегија.

Политиката ги опфаќа и нашите приоритети во рамките на Стратегијата за ублажување на климатските промени, имено: енергетска ефикасност, ко-преработка на алтернативни горива и суровини, иновации на производи и нови технологии и процена на ризици и можности низ синџирот на вредност.

Политиката ги утврдува одговорностите за животната средина на сите деловни единици и субјекти контролирани или управувани од Групацијата ТИТАН, како и на секој вработен во ТИТАН.

Повеќе Линк до Групациската политика

Политиката за човекови права воспоставува рамка за заштита и унапредување на човековите права, како во нашата работа така и во нашата сфера на влијание.

Почитувањето на човековите права е една од основните вредности на ТИТАН, како што се гледа во нашиот Кодекс на однесување. Нашата политика е водена од принципите во Универзалната декларација за човекови права, Меѓународниот пакт за граѓански и политички права и Меѓународниот пакт за економски, општествени и културни права.

Целта на политиката е да се подигне свеста за прашањата за човековите права и да се обезбеди посветеност на сите вработени во ТИТАН за заштита на човековите права низ целата Групација.

Нашата политика за безбедност и здравје има за цел да постигнеме здрава работна средина, без инциденти, повреди и несреќи за сите наши директни и индиректни вработени. Таа е усогласена со сите важечки закони и директиви каде што ТИТАН е активен.

Во ТИТАН, здравјето и безбедноста се управуваат како интегриран систем на цели со јасни одговорности и отчетност. Нашата цел е континуирано да се подобруваме и да создаваме средина каде што секој вработен во ТИТАН е одговорен за сопствената безбедност и безбедноста на колегите. Политиката за здравје и безбедност (на работното место) на ТИТАН вклучува и споделување на нашето знаење со засегнатите страни, добавувачите, изведувачите и трети страни за да тие усвојат слични политики за здравје и безбедност.

Повеќе Линк до Групациската политика

Политиката за санкции треба да обезбеди усогласеност со законите за санкционирање во секоја јурисдикција каде што работи Групацијата ТИТАН.

Нашето меѓународно присуство како Групација нè обврзува да ги почитуваме сите санкции што се наметнати, спроведени или извршени од меѓународни организации или од релевантни национални власти. Во такви околности, Групацијата се очекува да спроведе и да одржува соодветни системи и контроли за да обезбеди усогласеност.

Нашата политика вклучува практично упатство и список на најдобри практики за разни прашања, вклучително и кога треба да се изврши длабинско снимање, скрининг на поврзани страни, обука, ревизорска контрола и архивирање.

Нашата политика за заштитено внатрешно пријавување е во поддршка на нашата заложба за промовирање и зајакнување на етичкото однесување кое е нераскинлив дел од нашата организациска култура. Политиката предвидува механизам за пријавување на настани поврзани со работата кои претставуваат, или може да претставуваат прекршување на нашите корпоративни вредности и политики или одмазда против кое било лице во Групацијата ТИТАН.

Целта на политиката е:

  1. Да се поттикне пријавување на неетички дејствија,
  2. Да обезбеди насоки за начинот на пријавување
  3. Да гарантира дека пријавите ќе бидат сфатени сериозно и ќе се третираат со доверливост без страв од одмазда.

Политиката се однесува на сите вработени во Групацијата ТИТАН , без оглед на типот на работен однос и позицијата или функцијата на вработениот. Трети лица кои имаат постојан однос со ТИТАН исто така може да го користат овој механизам за заштитено пријавување.

Во Политиката е предвидена и платформата TITAN EthicsPoint, кадешто вработените можат да пријават загриженост поврзана со работата со гарантирана доверливост, телефонски или онлајн. Оваа заедничка платформа низ Групацијата е во насока на нашите заложби за поттикнување на културата на интегритет и етичко однесување во сите наши фабрики, а истовремено ја зајакнува нашата способност за следење на неусогласеноста со политиките на ТИТАН.