За информации за TITAN Cement Group, посетете ја www.titan-cement.com

Групација Титан

Групацијата ТИТАН е меѓународен производител на цемент и градежни материјали што се
стреми да ги задоволи потребите на општеството, истовремено придонесувајќи кон
одржлив раст преку одговорност и интегритет.

 

 

Групацијата создава вредност преку трансформација на суровините во градежни производи,
нивна дистрибуција до клиентите и обезбедување сродни услуги, служејќи ѝ на општествената
потреба за безбедно, трајно, отпорно и достапно домување и инфраструктура.

Преку активно учество во глобални соработки и меѓународни организации, има цел да одговори
на глобалните предизвици за одржливост во рамките на целите на ОН за одржлив развој за 2030
година. Учествува во Глобалниот договор на ОН (UNGC) и е членка-основач на Глобалното здружение за цемент и
бетон (GCCA).

Матична компанија на Групацијата е TITAN Cement International (TCI), белгиска компанија што
котира на берзите Euronext во Брисел, Euronext во Париз и на Атинската берза. TITAN Cement
International стана матична компанија на Групацијата ТИТАН по успешното завршување на
доброволната понуда за размена на акции поднесена до акционерите на компанијата TITAN
Cement Company S.A., поранешната матична компанија на Групацијата со седиште во Грција.
Регистрираното седиште на TCI е во Брисел, додека управните органи се на Кипар.