Готов бетон

Со производството на готов бетон и агрегати се постигнува вертикална интеграција на производството во Цементарница УСЈЕ.
Процесот почна во 2000 година, кога почна со работа инсталацијата за производство на готов бетон (бетонската база).

Готовиот бетон како производ претставува мешавина на повеќе компоненти соодветно избалансирани, а тоа се цемент, фини и крупни агрегати, вода и најразлични адитиви. Во кој сооднос ќе се дозираат соодветните компоненти во бетонот, сѐ зависи од бараните карактеристики. Карактеристиките на бетонот, пред сè, треба да ги задоволат важечките стандарди (MKC EN 206:2014+A1:2017  Бетон – спецификации, својства, производство и сообразност + МКС 1016:2018+A1:2020 Правила за употреба на MKC EN 206:2014+A1:2017) и барања од аспект на јакост на бетонот, соодветна негова обработливост и трајност во различни климатски и конструктивни услови. Производниот капацитет на бетонската база е 100 м3/h.

Производната линија на Цементарница УСЈЕ се состои од широк спектар бетони. Покрај класичните, како компанија со своите акумулирани знаења и искуства, подготвени сме да произведеме и најразлични специјални типови бетони, а тоа се:

  • Бетони за патишта
  • Бетони со додатоци на микрофибер и челични влакна
  • Бетони со јакосни карактеристики поголеми од 60 MPa
  • Водонепропустливи бетони
  • Прскани бетони
  • Саморазливни бетони
  • Цементни кошулки

Нашата посветеност и ориентираност кон клиентите е демонстрирана и преку подготвеноста да креираме производи во согласност со нивните потреби и барања.

Располагаме со сопствена лабораторија, која постојано го контролира квалитетот на бетонот како и на самите влезни компоненти.
Како додаток на редовните проверки, лабораторијата на УСЈЕ има развојна улога во изработката на нови мешавини за различна употреба.

Работата на нашата фабрика е редовно контролирана и проверувана од надворешен овластен институт.

Сертификат за сообразност на контрола на фабричкото производство 155-ZGP-0007