Соработка со заедницата

За Цементарница УСЈЕ е од особено значење да се осигури дека функционирањето на компанијата има позитивно влијание врз општеството и локалните заедници.

Нашата почит и покажаниот интерес за потребите на заедницата каде што припаѓаме, ни помогнаа да изградиме доверба. Горди сме на нашата улога како грижлив, активен корпоративен граѓанин, кој тесно соработува со засегнатите страни за да се подобри квалитетот на нивниот живот и да се создаде заедничка вредност.

За да ги разбереме проблемите и предизвиците на заедницата, одржуваме постојан дијалог и вршиме проценка на потребите и на можностите, по што ангажираме соодветни ресурси и го споделуваме нашето знаење за да помогнеме да се изгради солидна основа за подобра иднина за сите.

Во соработката со заедницата, особено сме посветени на зголемување на свесноста за одредени општествени теми и прашања, при што особено внимание обрнуваме на грижата за животната средина, здравјето и безбедноста, вработувањето, развојот на претприемништвото, општествената инклузија, образованието и развојот на професионалните вештини на младите.

Со некои од нашите поголеми активности можете да се запознаете тука.