Алтернативни горива и суровини

На крајот на 2018 година, Цементарница УСЈЕ почна да користи алтернативни горива како делумна замена за фосилните горива. Наша цел е алтернативните горива да заменат до 15% во првата фаза. Алтернативните горива што може да се користат се горива од преработени цврсти отпадоци што поинаку не можат да се искористат (RDF) и од земјоделски отпад (оризова арпа), а се планира како алтернативно гориво да се користи и селектиран неопасен отпад од текстилната индустрија или други монофракции на неопасен отпад.

Пред почетокот на употребата на алтернативни горива, Цементарница УСЈЕ подготви детална Студија за оцена на влијанието врз животната средина, направи сеопфатно истражување на пазарот за можните извори на алтернативни горива од домашниот и од меѓународниот пазар. Со цел да ги информира сите засегнати страни за целокупниот процес на воведување и употреба на алтернативните горива, Цементарница УСЈЕ редовно организира информативни состаноци, работилници и посети на своите погони.

Науката и досегашната повеќедецениска практика за употреба на алтернативни горива во цементната индустрија во развиените земји, јасно ги детектирале придобивките врз животната средина и за општеството во целина. Меѓу нив најзначајни се:

Придобивки за животната средина:

  • Намалување на емисиите на стакленички гасови во атмосферата
  • Намалување на употребата на необновливи (фосилни) горива и суровини
  • Обновување на енергијата наместо отстранување (хиерархија на отпадот)

Придобивки за општеството:

  • Отворање нови можности за вработување на локално и на регионално ниво
  • Промовирање на политиката за ефикасно управување со цврст отпад во општествата наместо негово депонирање или непрописно и неконтролирано горење

Факти поврзани со употреба на алтернативни горива:

  • Цементарница УСЈЕ има дозвола за употреба на алтернативни горива во согласност со националното законодавство
  • Цементарница УСЈЕ има инсталирано најсовремена опрема за дозирање алтернативни горива од добавувачот „Schenck“
  • Во првата фаза, 15% од вкупните енергенси што се користат за загревање на едната печка може да бидат од алтернативни горива
  • Со употребата на алтернативно гориво, Цементарница УСЈЕ нуди решение за решавање на локалните еколошки предизвици поврзани со депонирање на отпадот и неговиот несоодветен третман
  • Групацијата ТИТАН, каде што припаѓа и Цементарница УСЈЕ, има огромно искуство во употребата на алтернативни горива