10 причини зошто да работите со нас

ПРАВИМЕ РАЗЛИКА

Вo УСЈЕ, ние се грижиме за луѓето. Секогаш било така. Тоа е причината што континуирано работиме на унапредување на човековите права во нашето работење. Без разлика дали тоа е обезбедување услови за работа што мотивираат, нудење еднакви можности или развивање храбри политики на одржливост, имаме цел да им го подобриме животот на луѓето на секој начин.

УСЈЕ СЕ НЕГОВИТЕ ВРАБОТЕНИ

Ние сме разновиден тим на посветени, вешти и креативни луѓе, кои работат заедно кон одржлив раст. Сè што УСЈЕ постигнува, потекнува од духот и од енергијата што нашите вработени ги даваат на работа секој ден.

КАКО СЕМЕЈСТВО...

Луѓето си го наоѓаат своето место кога доаѓаат на работа во УСЈЕ. Ние ги цениме долгорочните односи врз основа на заемна доверба и заеднички вредности.

НАШИТЕ ВРЕДНОСТИ НÈ ДЕФИНИРААТ

Заедничките вредности нè зближуваат. Кога вработуваме нови луѓе, не бараме само искуство и способност. Бараме интегритет, автентичност, ‘луѓе од збор’.

ПОСТОЈАНО УЧЕЊЕ

Она што нè прави динамична и прогресивна организација е нашата страст за развој и постојано подобрување. Работењето кај нас значи обука на работното место и постојани можности за учење, кои се обновуваат и ги прошируваат нашите квалификации.

ДОБРАТА РАБОТА СЕ ПРЕПОЗНАВА

Кога „блескате“, тоа е препознаено. Работењето во УСЈЕ е полно со можности да оставиме белег преку нашите перформанси и нашето однесување.

НАШАТА КУЛТУРА СЕ РАЗВИВА

Инспирирај ги другите. Изгради единство. Биди носител на резултатите. Гледај ја големата слика. Сето ова е вткаено во нашата работна етика. Овие однесувања ги користиме за да ја унапредиме нашата култура на начин што ни овозможува да се развиваме и да успееме заедно.

НИЗ СВЕТОТ

Како дел од Групацијата ТИТАН, УСЈЕ и неговите вработени се упатени на меѓународна соработка. ТИТАН не само што има погони во десет земји на пет континенти, туку има и голем број меѓународни партнерства, што ја прави нашата работа навистина богата и интересна, бидејќи преку работењето во рамките на нашата компанија, ние се поврзуваме преку границите.

РАБОТЕЊЕ ЗАЕДНО

Ние веруваме во моќта на соработка. Можеме да направиме поголема разлика во нашата земја ако се поврземе со другите. Така што, ако сте заинтересирани за компанија што е вклучена во активен дијалог со локалните заедници, универзитетите, големите и малите претпријатија и невладините организации, УСЈЕ е местото за вас.

БЕЗБЕДНОСТА НА ПРВО МЕСТО

На безбедноста ѝ приоѓаме со страст. Постојано ги оценуваме нашите перформанси и ги користиме наодите за да поттикнеме фокусирани активности за безбедност.