Рекултивација на рудниците

Технолошкиот процес во сите цементарници во светот е зависен од употребата на природните ресурси. Свесни за ова, ние во Цементарница УСЈЕ правиме најголеми напори за намалување на сите видови влијанија врз животната средина. Во тие рамки, редовно правиме сеопфатна проценка на влијанието врз животната средина и планови за рехабилитација што ги покриваат сите аспекти на развојот, работењето и затворањето на површинските копови.

Во согласност со овие напори, подготвена е и Студија за рекултивација на поголемите површински копови во сопственост на компанијата, изработена од Шумарскиот факултет во Скопје, како и План за зелен појас на периметарот на фабриката. За да се обезбеди квалитетно спроведување на овие планови, ангажиравме надворешна специјализирана компанија, која ни помогна во трансформирање на дел од површината на фабриката во расадник за производство на садници што се користат за пошумување.

Рекултивацијата на нашите рудници, во што спаѓа и пошумувањето и другите активности за управувањето со биодиверзитетот на овие локации, е во согласност со Упатствата за одржлива рекултивација на површинските копови и управување со биодиверзитетот, објавени од Глобалната асоцијација за цемент и  бетон.