Производи

Нашите производи и услуги се користат за различни градежни активности, од големи инфраструктурни проекти до станбени и комерцијални објекти и општествени проекти. Ние активно промовираме нови производи што ќе ги подобрат квалитетот и трајноста за нашите клиенти, како и методи и материјали што ќе ја олеснат изградбата и ќе придонесат кон намалување на влијанијата врз животната средина.

Нашето производно портфолио вклучува цемент, пакуван и рефус, ѕидарски цемент (усјемал), готов бетон и агрегати што ја претставуваат нашата вертикална интеграција во производството, транспорт и продажба на готов бетон и агрегати во нашата држава.