Иницијативи за животната средина

За сите во Цементарница УСЈЕ, грижата за животната средина е област на која ѝ се дава огромно значење. Аспектот на заштита на животната средина е присутен во сите производствени и деловни процеси на компанијата. Истовремено, Цементарница УСЈЕ и нејзините вработени редовно спроведуваат и учествуваат во голем број еко-иницијативи и акции што се насочени кон унапредување на животната средина. Голем дел од тие иницијативи и акции имаат долгорочен карактер. Во продолжение се опишани некои од нив.

ЕКО-АКЦИИ ЗА ЗАЗЕЛЕНУВАЊЕ И САДЕЊЕ ДРВЈА

Вработените и членовите на менаџерскиот тим, со поддршка од компанијата, редовно, секоја година, на волонтерска основа спроведуваат самостојни акции за засадување дрвја во кругот на цементарницата или активно учествуваат во национални и во локални иницијативи за пошумување и хортикултурно уредување на јавните површини во Скопје и пошироко. На пример, во 2018 година, при една ваква еко-акција, вработените во УСЈЕ засадија 1.200 нови садници во фабричкиот круг.

УЧЕСТВО ВО ГЛОБАЛНАТА АКЦИЈА „ЧАС НА ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈА“

Секоја година, Цементарница УСЈЕ учествува во глобалната акција „Час на планетата Земја“, чија цел е зголемување на свесноста за потребата од намалување на потрошувачката на енергија, со што се придонесува за намалување на вкупните емисии на т.н. стакленички гасови во атмосферата, кои се посочуваат како еден од главните причинители на глобалното затоплување и климатските промени. За време на оваа акција, во која се вклучуваат повеќе од 7.000 градови од над 170 земји низ целиот свет, Цементарница УСЈЕ ги исклучува своите постројки во времетраење од еден час, со што на конкретен начин придонесува за остварување на целта на оваа глобална иницијатива.

УЧЕСТВО ВО НЕДЕЛАТА НА МОБИЛНОСТ НА ЕУ

Цементарница УСЈЕ и вработените во компанијата редовно учествуваат и во одбележувањето на Европската недела на мобилност. Преку различни активности, вработените и членовите на менаџерскиот тим, секоја година, во текот на Неделата на мобилност, се обидуваат да влијаат врз зголемување на јавната свест за активниот начин на живот, заради унапредување на здравјето и заштитата на животната средина.

КАМПАЊА „LET’S DO IT“

Поттикнувајќи го концептот на корпоративно волонтерство и водени од определбата за заштита на животната средина, вработените на Цементарница УСЈЕ и членовите на менаџерскиот тим активно се вклучија во реализација на еко-акцијата „Let’s Do It“ за чистење на отпадоците на територијата на општината Кисела Вода.