Практикантска работа

РАЗВИВАЊЕ НА ВАШИОТ ТАЛЕНТ ПРЕКУ ПРАКТИКАНТСКА РАБОТА ВО УСЈЕ

Развојот на луѓето и особено на младите е составен дел на тоа кои сме.
Во 2015 година Групацијата ТИТАН беше еден од иницијаторите на Европскиот пакт за млади (Pact4Youth) што претставува заеднички ангажман на бизнисите и на лидерите на Европската Унија и има за цел поддршка на квалитетна практикантска работа и стажирање, унапредувајќи ги можностите за вработување на младите и овозможувајќи нивна вклученост. Следејќи ги политиките на Групацијата, во УСЈЕ спроведуваме Програма за практикантска работа насочена кон привлекување талентирани млади луѓе, кои се подготвени да научат и да стекнат практични знаења во вистинска работна средина.

На оние што ќе се приклучат, Програмата за практикантска работа им овозможува:

• Примена на знаењата стекнати за време на студиите преку работење реална работа
• Да имаат индивидуални придобивки од програма што се дизајнира според нивниот интерес
• Да понудат нова перспектива за нашиот бизнис и да имаат влијание со својот придонес
• Да бидат земени предвид како кандидати за потенцијални работни места во иднина

Дел од реализираните практикантски работи резултираа со постојано вработување во УСЈЕ.