Одржливост

Одржливоста е составен дел од нашиот бизнис. Во текот на повеќе од шесте децении од работењето на Цементарница УСЈЕ, преку нашите производи и деловни операции, континуирано се обидуваме да направиме видливи придобивки за луѓето, за општеството и за животната средина.

Веруваме дека долгорочен раст може да се постигне само преку одржлив бизнис-модел изграден околу трите столба на одржливост – еколошкиот, општествениот и финансискиот.

Соработката со меѓународни партнери и ангажирањето со клучните засегнати страни на локално ниво, ќе придонесат кон одржлив развој што ги задоволува потребите на сегашноста без да се загрози способноста на идните генерации да ги задоволат сопствените потреби.

Цементарница УСЈЕ е целосно усогласена со Целите на одржлив развој на Обединетите нации. Соработуваме со сите засегнати страни за да ја заштитиме животната средина, да развиеме подобри производи и да ги подигнеме стандардите во индустријата.

Во 2019 година Цементарница УСЈЕ ја доби наградата „Компанија предводник на целите за одржлив развој“ од Проектот „Градење меѓусекторски партнерства за одржлив развој“, што е финансиран од ЕУ, а го спроведуваше невладината организација „Конект“. Ова признание УСЈЕ го доби за своите активности во спроведувањето на принципите на Глобалниот договор на Обединетите нации во сите свои деловни практики, а особено во областите: добро здравје и благосостојба, одговорна потрошувачка и производство, заштита на животната средина и партнерство за остварување на целите на Глобалниот договор.