Автопат Кичево – Охрид

Изградбата на автопатот Кичево – Охрид, долг 57 километри, е еден од најзначајните проекти за транспортната инфраструктура во нашата земја. Проектот значително ќе ја подобри поврзаноста со Охрид и ќе овозможи побрза и побезбедна комуникација помеѓу населените места во регионите на Кичево и Охрид. Ова е особено значајно имајќи предвид дека Охрид е центарот на туристичката индустрија во нашата земја. Автопатот е финансиран со заем од кинеската ExIm банка, а главен изведувач е кинеската компанија Синохидро корпорејшн лимитед Пекинг, која бетонските работи ги изведе користејќи наш цемент претежно од типот CEM II/A-V42.5 R, заедно со помали количини цемент од типот CEM I 42.5 N користени за специфични секции од автопатот.