Нашите луѓе

ИНВЕСТИРАМЕ ВО РАЗВОЈОТ НА НАШИТЕ ЛУЃЕ:

РАСТЕМЕ ЗАЕДНО

Најважниот капитал на нашата компанија се нашите луѓе. Континуираниот развој на вештините,
знаењата и способностите на нашите луѓе е еден од најголемите приоритети во нашата
компанија, на што сме целосно посветени.

За таа цел ја спроведуваме платформата „Лидерство на ТИТАН начин“, која ни помага да растеме и
да постигнуваме успеси заедно. „Лидерство на ТИТАН начин“ е фундаментот на сите активности
насочени кон развојот на нашите луѓе. Започнувајќи со процесот на управување со перформансите
и развој, платформата ги поддржува менаџерите во поставување приоритети додека создаваат
квалитетни планови за развој на секоја личност во нивниот тим. За да се постигне ова, менаџерите
спроведуваат програми за обуки и обуки на работното место во континуитет.

Од првиот работен ден, програмата за обука е дел од животот на секој вработен во Групацијата
ТИТАН и во УСЈЕ. Ние ја гледаме работата како еволуција, при што вештините, знаењето,
способностите и однесувањата, се стекнуваат и се надградуваат како што се проширува улогата и
се зголемуваат очекувањата.

„Лидерство на ТИТАН начин“ ги спојува елементите од нашата организациска култура што ни
донесоа успех и има за цел да ги задржиме во иднина. На овој начин во континуитет ја градиме
нашата деловна култура фокусирана на нашите луѓе и нивниот развој, осигурувајќи на долг рок
квалитетна работна сила што ќе биде носител на прогресот во УСЈЕ.

За да можеме да ги процениме гледиштата на нашите луѓе во различни области, ние редовно
спроведуваме истражувања меѓу нив и имаме „директни комуникациски линии“, особено за
прашања какви што се здравје и безбедност, заштита на животната средина, мито и корупција,
човечки права и еднакви можности.

Исто така, го поттикнуваме вработувањето лица од локалната заедница на сите нивоа и се
концентрираме на привлекување, развивање и задржување на најдобрите луѓе што би ги
поддржале нашите деловни стратегии и за да обезбедиме континуиран успех. Нудиме еднакви
можности на сите луѓе без разлика на нивниот пол. Како компанија од тешката индустрија, УСЈЕ
вработува значаен број жени, а тие се дел и од менаџментот на компанијата.