Отворени денови во УСЈЕ

Следејќи ја својата политика за транспарентност, Цементарница УСЈЕ континуирано организира отворени денови, на кои им се нуди можност на сите заинтересирани страни да ја посетат компанијата, да добијат релевантни информации за производствениот процес, за стандардите и процедурите што се почитуваат во сите сегменти од работењето, како и да се запознаат со новините и со вложувањата во нови технологии, со кои се обезбедува натамошниот одржлив развој на компанијата и нејзиното позитивно влијание во заедницата и во општеството во целина.

Првиот „Отворен ден на Цементарница УСЈЕ“ беше организиран на 15.9.2011 година и оттогаш ваквите настани станаа редовна практика на компанијата. Во текот на 2019 година беа организирани пет отворени дена, во кои претставниците на различни засегнати страни, вклучувајќи претставници на државни и на локални институции, универзитетски професори, граѓански асоцијации, граѓани и претставници на медиумите, имаа можност да се запознаат со сите значајни аспекти од работењето на компанијата, а беше презентирана и новата технологија за користење алтернативни горива во производствениот процес на Цементарница УСЈЕ.

УСЈЕ продолжува со оваа практика и сите заинтересирани граѓани, граѓански асоцијации, институции, медиуми и други страни можат да се најават за посета на компанијата на следниот имејл: contact@usje.mk