Заедно за посилен тим во ТИТАН УСЈЕ

08.10.2025

На неодамнешната тим билдинг сесија, нашите колеги се фокусираа на зајакнување на клучните аспекти на нашата работна култура — соработка, конструктивна повратна информација и гордоста што ја чувствуваме како дел од тимот на ТИТАН УСЈЕ.

Преку отворени разговори, интерактивни вежби, споделени искуства и заслужена забава, учесниците истражуваа како ефикасната комуникација, меѓусебното доверување и конструктивната повратна информација придонесуваат за развој — како индивидуално, така и како тим. Сите имаа можност да се забавуваат, да учат едни од други, да градат врски и да ја прослават успешната тимска соработка.

Во ТИТАН УСЈЕ, се гордееме што сме дел од организација водена од своите клучни вредности: Се грижиме, имаме смелост, градиме за да трае и го правиме она што го зборуваме. Овие вредности ја обликуваат нашата работа на секој проект, поттикнувајќи континуирано учење и одлична соработка.

Настани како овој ја нагласуваат важноста на тимската работа, отворената комуникација и поддржувачката работна средина, потсетувајќи не дека заедно можеме да постигнеме повеќе.

Заедно напредуваме — обединети, мотивирани и инспирирани!