Во Титан Усје, нашата посветеност кон безбедноста надминува само почитување на регулативите — таа е интегрален дел од нашата култура, изградена врз континуирано учење и заедничка одговорност.
Минатата недела, со задоволство ја организиравме обуката „Leading Safety" во Скопје, кој е дел од глобалната иницијатива на групацијата Титан. Програмата има за цел да ги овозможи лидерите да промовираат проактивна свест за безбедноста и да обезбедат безбеден работен простор за сите.
На обуката присуствуваа колеги од Северна Македонија, Косово и Бугарија, создавајќи уникатна можност за регионална соработка, размена на знаења и зајакнување на заедничката посветеност кон извонредност во безбедноста.
Преку интерактивни сесии и практични дискусии, учесниците истражуваа како лидерството, свесноста и тимската работа придонесуваат за спречување на инциденти и заштита на благосостојбата на сите вработени. Споделувањето искуства и увидите ја зајакна идејата дека безбедноста е одговорност на сите.
Во Титан Усје, безбедноста е дел од нашата мисија — да го направиме светот околу нас безбеден, одржлив и пријатен за живеење. Заедно, водиме со грижа, одговорност и посветеност, осигурувајќи дека нашите луѓе и заедницaта ќе останат безбедни.
