Во периодот од 6 до 8 септември, се одржа традиционалниот фудбалски турнир за најмладите КУЛ КУП 2025 на стадионот на ТИТАН Усје. Настанот собра повеќе од 800 деца, кои преку спорт, дружење и тимска игра ја создадоа вистинската магија на овој турнир.
Како компанија која силно верува во поддршка на младите генерации, ТИТАН Усје со задоволство беше дел од овој спортски настан.
Нашата поддршка не е само вложување во спортот, туку и во поттикнување на талентите, градење на фер-плеј културата и зајакнување на заедништвото.
Честитки до сите победници кои ги кренаа пехарите, но и до сите учесници кои покажаа дека вистинската победа е во тимскиот дух, пријателството и незаборавните моменти што ќе останат во сеќавање.
Со оваа поддршка ТИТАН Усје уште еднаш ја потврдува својата посветеност во градење на посилна заедница и создавање можности за младите.



