Refratechnik обука во ТИТАН УСЈЕ

01.7.2024

ТИТАН УСЈЕ беше домаќин на Refratechnik обуката за околу 30 учесници од ТИТАН Србија, ТИТАН Албанија, ТИТАН Грција, ТИТАН Косово, ТИТАН Бугарија, Групацијата ТИТАН и ТИТАН УСЈЕ. Овој технички семинар беше повеќе од настан; тоа беше трансформативно искуство што ја збогати нашата компанија на повеќе нивоа. Оваа обука ги поттикна нашите вработени за го збогатат своето врвно знаење, поттикна култура на соработка и  иновации. Покрај техничкото знаење, семинарот беше центар за вмрежување и соработка. Посебните сесии и неформалните можности за запознавање им овозможија на вработените да комуницираат и да споделуваат вредни искуства.