Денеска означуваме важен чекор во нашата посветеност за поддршка на локалните здравствени установи. Нашата компанија со гордост објавува дека потпиша Договор за соработка со Општа болница Кочани, со цел подобрување на основната опрема во болницата — со посебен фокус на обезбедување на снабдување со електрична енергија преку инсталирање на нов генератор.
Како дел од оваа соработка, денеска имавме чест да ја пречекаме директорката на болницата, г-ѓа Катарина Мирчовска во нашите простории, каде што разговаравме за моменталните услови и итните потреби на установата. Разговорот беше конструктивен и ја потврди нашата заедничка посветеност за обезбедување континуирана и безбедна здравствена грижа за жителите на Кочани.
Ова партнерство ја одразува нашата постојана мисија да даваме значаен придонес во заедницата, и очекуваме позитивно влијание врз вработените како и пациентите во болницата.

