ТИТАН Усје и оваа година поддржа два тима кои учествуваа на FIRST LEGO League – натпревар кој е дел од глобална STEM програма што ги поттикнува децата и младите да развиваат знаења и вештини преку роботика, истражување, инженерско размислување, креативност и тимска работа.
Со поддршката на младите таленти, ТИТАН Усје останува посветен на вложување во образование, иновации и развој на идните генерации. Веруваме дека токму преку вакви иницијативи се гради љубопитноста, самодовербата и лидерскиот дух кај децата, а воедно се создава и силна основа за поодржлива и поиновативна иднина. FIRST LEGO League не е само натпревар, туку платформа што ги охрабрува младите да решаваат реални предизвици преку наука, технологија и соработка.
Овогодинешниот натпревар FIRST LEGO League 2025–2026 “UNEARTHED Challenge” се одржа на 14 и 15 март 2026 во Скопје, со учество на 36 тима, над 400
ученици на возраст од 9 до 16 години и 50 ментори.
Им честитаме на сите ученици, ментори и организатори за енергијата, посветеноста и инспиративните идеи. Ни претставува чест што сме дел од иницијативи кои го охрабруваат развојот на STEM образованието и ги поддржуваат младите иноватори во нивниот раст.

