Титан Усје беше дел од 6. Меѓународна конференција на Македонската асоцијација за управување со цврст отпад (MaSWA), која се одржа во Скопје под мотото „Патот кон одржливо управување со отпадот“. Дводневниот настан ги собра локалните и меѓународни експерти, носители на политики и индустриски лидери со цел да се разменат искуства и идеи за циркуларната економија, климатската акција и одржливото управување со отпадот.
Активното учество на Титан Усје го нагласи силното залагање на компанијата за еколошко лидерство и иновации. Во рамки на сесијата за циркуларна економија и декарбонизација, Главниот извршен директор на компанијата одржа впечатлива презентација, претставувајќи ги одржливите практики на Титан Усје, како што се употребата на алтернативни горива, моделите на циркуларни ресурси и напорите за намалување на емисиите. Со оваа презентација, компанијата беше претставена како пример за успешна зелена транзиција во индустрискиот сектор.
Посебен придонес даде и Наташа Бакреска, Менаџер за животна средина и алтернативни горива во Титан Усје, која учествуваше во панел-дискусии и активно се вклучи во размена на искуства поврзани со валоризација на отпадот и еколошка усогласеност. Нејзините излагања ги истакнаа конкретните чекори кои компанијата ги презема за усогласување со европските еколошки стандарди и за остварување на позитивно влијание на локално и регионално ниво.
Директниот придонес од претставниците на Групацијата ТИТАН, Панајота Мегагиани, Менаџер за ESG перформанси, како панелистка на панелот „Климатски промени, декарбонизација и ESG принципи во управувањето со отпад“, и Кристина Мартавалзи, Менаџер за декарбонизација на производството во Групацијата, како панелистка на панелот „Циркуларна економија и отпадот како ресурс“, беше особено значаен во демонстрирањето на нашата посветеност на одржливоста, усогласеноста и континуираното унапредување во областа на декарбонизацијата, управувањето со цврст отпад и ESG перформансите.
Еден од најзначајните моменти беше посетата, за време на која Титан Усје ги отвори вратите за 52 делегати од конференцијата. Гостите имаа можност одблизу да се запознаат со концептот „отпад во енергија“ – модел на работа што не само што го намалува количеството на отпад на депонии, туку и придонесува за намалување на CO₂ емисиите при производството на цемент.
Конференцијата, организирана во соработка со ISWA и поддржана од Делегацијата на ЕУ, ја потенцираше важноста на меѓусекторската соработка. Водечката улога на Титан Усје уште еднаш ја потврди визијата на компанијата: да биде пример за создавање нискојаглеродна, циркуларна иднина за регионот.
