Tитан Усје учествуваше и го сподели своето знаење и за женското лидерство и дигитализација на престижниот настан Женско лидерство и претприемништво и B2B средби, кој се одржа во хотелот „Аполонија“ во Гевгелија. Оваа значајна иницијатива ги обедини бизнис лидерите, претприемачите и носителите на промени од Грција и Северна Македонија, со цел да се поттикне соработката, размената на знаење и да се овозможи поддршка за следната генерација жени лидери.
Настанот беше отворен со поздравни обраќања од истакнати личности, меѓу кои и Амбасадорката на Грција во Северна Македонија, Градоначалникот на Гевгелија, како и претседателите на Асоцијацијата на извозници на Грција , Грчката асоцијација на жени претприемачи и Асоцијацијата на бизнис жени на Северна Македонија. Нивните пораки поставија соработувачки и инспиративен тон за целиот ден.
Даниела Илијоска, Специјалист за награди на вработени во Tитан Усје, учествуваше во втората панел-дискусија: „Придобивки од иновациите, вештачката интелигенција и дигитализацијата: преквалификација и надградба на идните жени лидери.“ Нејзиниот придонес ја нагласи посветеноста на Tитан Усје кон професионалниот развој преку иновативни HR стратегии и инвестиции во развојот на вработените – особено за жените кои се насочуваат кон улоги поврзани со дигитализација и вештачка интелигенција. Титан Усје исто така беше и платинум спонзор на овој настан.


