ТИТАН Усје учествуваше и ги поддржа иницијативите на граѓанските организации кои прават вистински промени во нашето општество, на неодамнешниот 6ти Донаторски кружок, организиран од граѓанската организација КОНЕКТ.
Целта на настанот беше да се обезбедат средства за иновативни и значајни иницијативи предводени од ХОПС – Опции за здрав живот, Здружение До Бебе преку ин-витро и Здружението на лица со дијабет Охрид.
Поддршката на заедницата и поттикнувањето на позитивни промени се наша мисија. Горди сме што поддрживаме иницијативи кои создаваат трајна вредност.
