Хуманоста на дело: Поддршка од вработените во ТИТАН Усје за Општата болница во Кочани

18.7.2025

Вработените на Титан Усје поттикнати од чувство на хуманост и општествена одговорност, како одговор на трагичниот настан што го погоди градот Кочани,  спонтано се организираа и доброволно донираа парични средства со цел да ја поддржат ЈЗУ Општа Болница Кочани, сакајќи да дадат личен придонес и поддршка таму каде што е најпотребно. Собраните средства беа наменети за набавка на медицинска опрема – аспиратор кој ќе помогне за подобрување на условите за третман во болницата.

Една од нашите цели е Се грижеме но, за нас грижата не е само збор; тоа е одговорност што го обликува начинот на кој се поврзуваме со светот околу нас и етосот кој не води низ секоја наша акција.

Преку соработка, волонтерски акции, сакаме да бидеме двигатели на вистинска промена и заедно да го направиме светот подобро место за живење.