Корпоративно управување

Добрите принципи на корпоративно управување и сеопфатното управување со ризици се од
суштинско значење за градење ефективни надворешни односи, а со тоа и за стабилноста на
компанијата. Овие принципи заедно со нашите корпоративни вредности нè водат низ секој
аспект на нашиот бизнис. Нивното почитување и примена во секојдневното работење е
осигурено на највисоко ниво преку функционирање на повеќе одбори.

ОДБОР НА ДИРЕКТОРИ

Компанијата ги следи воспоставените најдобри практики за корпоративно управување во своето раководење и има пет неизвршни членови во својот Одбор на директори, од кои двајца се исто така независни, а двајца се извршни членови – главниот извршен директор и извршниот директор. Неизвршните членови, како и главниот извршен директор и извршниот директор не остваруваат приходи врз основа на нивното членство во Одборот на директори.

ЦЕНТРАЛЕН ОДБОР ЗА УПРАВУВАЊЕ

За да го подобри дополнително процесот на одлучување и корпоративно управување, од 2013 година компанијата има воспоставено Централен одбор за управување што се состои од главниот извршен директор, извршниот директор, техничкиот директор, менаџерот за продажба, менаџерот на финансии и менаџерот за човечки ресурси. Централниот одбор за управување одржува месечни средби, на кои членовите разговараат за стратешки прашања и за управување со ризици.

ОДБОР ЗА КРЕДИТНА КОНТРОЛА

Овој Одбор е задолжен за побарувањата и долговите од клиентите, а главните задачи го вклучуваат следното:

  • Процена и одобрување кредити;
  • Обрасци за процена на клиентите/рангирање на клиентите;
  • Подмирување на долговите на клиентите;
  • Покривање долгови/гаранции;
  • Кредитно следење и контрола;
  • Дефиниција на одредби поврзани со кредитен ризик.

ЦЕНТРАЛЕН ОДБОР ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ

Централниот одбор за безбедност и здравје на УСЈЕ дава стратешки насоки за иницијативите за подобрување на безбедноста и здравјето во нашата фабрика. Воспоставува ефективни процеси за промовирање на целосното спроведување на Политиката за безбедност и здравје на Групацијата ТИТАН. Со Централниот одбор претседава главниот извршен директор и тој е структуриран во 5 пододбори: Безбедносни инциденти, Безбедносни проверки, Управување со изведувачи, Водечки индикатори и Правила и процедури. Заедничката и крајна цел е да се заштитат безбедноста и здравјето на нашите вработени и на вработените на нашите изведувачи како едни од основните човекови права на работното место.

ОДБОР ЗА ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ/ ТИМ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ АКТИВНОСТИ ОД ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ

Овој Одбор е основан во 2009 година и е надлежен за интегрирање и за спроведување на стратегијата на Групацијата ТИТАН на локално ниво. Со него претседава главниот извршен директор и се состои од високото раководство и менаџерите за безбедност и здравје, за животна средина и за човечки ресурси. Одборот за ОО се состанува четири до шестпати годишно, а во некои случаи и месечно, за да ги разгледа и да ги оцени акциските планови и постигнувањата, како и да иницира понатамошни подобрувања. Во насока на обезбедување натамошна кохезија во рамките на Групацијата, Одборот за ОО на УСЈЕ има назначено еден од своите членови како претставник на Мрежата на делегати за врски за ОО на Групацијата, чија цел е подобрување на внатрешната комуникација, споделување и учење од најдобрите практики на Групацијата.

ОДБОР ЗА КВАЛИТЕТ И ЖИВОТНА СРЕДИНА

Одборот за квалитет и животна средина е одговорен за воспоставување на Политиката за квалитет и животна средина на компанијата и поставување на целите за квалитет и системот за животна средина. Одборот воедно ги спроведува внатрешните ревизии за квалитет и животна средина и врши прегледи на системот за квалитет и животна средина. Одборот за квалитет и животна средина ги идентификува еколошките аспекти и утврдува итни ситуации поврзани со заштитата на животната средина итн.