Одбор на директори

Јани Паниарас
ПРЕТСЕДАТЕЛ
Неизвршен член

Јани Паниарас студирал градежно инженерство на Imperial College (BSc, MSc) и бизнис администрација на INSEAD (MBA). Својата кариера ја започнал во Knight Piésold, меѓународна консултантска компанија за рударство и инженерство со седиште во Лондон. Помеѓу 1998 и 2015 година, тој беше на високи менаџерски позиции во Грција и Германија во S&B Industrial Minerals Group и – во 2015 година – во нејзината нова матична компанија, Imerys. Тој таму го заврши својот мандат како потпретседател на поранешниот S&B Division и генерален директор на S&B Industrial Minerals S.A. Во јануари 2016 година, Јани Паниарас му се приклучи на менаџментот на TITAN Групацијата, каде што од 2020 година ги води сегментите Европа и Одржливост на Групацијата. Од 2016 до 2021 година беше претседател на Деловниот совет за одржлив развој на Грчката федерација на претпријатија (СЕВ). Од 2022 година, Јани членува во Одборот на Quest Holdings S.A. како независен неизвршен директор.

 

Борис Хрисафов
Извршен член, Главен извршен директор

Борис Хрисафов е дипломиран електро инженер, насока информатика, на Електротехничкиот факултет при Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје, а во 2012 ја зарши Извршната МБА Програма на International Hellenic University во Солун. Борис има посетено бројни специјализации и обуки од различни области, збогатувајќи ги своето знаење и искуство. Борис Хрисафов е вработен во Цементарница УСЈЕ АД Скопје од 1988 година, кога започнал како Аналитичар/Програмер во АОП Службата, а низ годините има извршувано повеќе раководни позиции во компанијата. Од 2011та година е на позицијата Главен извршен директор на Цементарница УСЈЕ АД Скопје. Борис течно говори англиски јазик.

 

Лукас Петкидис
Независен, Неизвршен член

Лукас Петкидис дипломирал Економски науки на Атинскиот универзитет, а се стекнал со титула Магистер на науки во опеаритвно истражување (MSc) по завршување на Лондонската школа за економија. Неговото работно искуство вклучува високи менаџерски позиции во повеќе компании, а од 2011 година се придружува на Групацијата ТИТАН каде во моментот е на позицијата Заменик Групациски главен финансиски директор (CFO) и Регионален Финансиски директор за Југоисточна Европа и Источен Медитеран.

 

Мирослав Глигоријевиќ
Неизвршен член

Мирослав Глигоријевиќ е Магистер по машински науки, а своето образование го завршил при Универзитетот во Белград. Речиси целото свое работно искуство го стекнува во Групацијата ТИТАН, од почетоците во Цементара Косјериќ во далечната 1995та година како машински инженер, а од 2000та година на позицијата Генерален директор. Неговото искуство и знаење се поткрепени со значајни семинари и обуки од релевантни области. Мирослав говори англиски и руски јазик.

 

Григориос Дикаиос
ВД Независен, Неизвршен член

Григориос Дикаиос студирал економија на Универзитетот во Атина и финансии на Универзитетот во Синсинати (MBA). Пред да се вклучи во Групацијата ТИТАН, Григориос поминал 10тина години во CITIBANK N.A. Од 1996та година се до 2019та година го гради своето богато искуство најнапред во TITAN CEMENT COMPANY S.A. а од 2019та година па наваму извршува финкција CFO & Corporate Treasury Director во TITAN CEMENT INTERNATIONAL SA.

 

Марио Брачи
Неизвршен член

Марио Брачи студирал машинско инженерство на Универзитетот во Фиренца (BSc, MSc), а ги има завршено и Извршната програма на Државниот Универзитет во Пенсилванија, како и Програмата за развој на управување (MDP) на Хардвардската Бизнис школа. Марио има силна индустриска позадина, со повеќе од 30 години во дејноста производство на цемент, со што се стекнува со глобално искуство, разновидна мулти-културна позадина и познавање на мегународните пазари. Тој управувал со бизниси во Италија, САД, Швајцарија, Тајланд, Мароко и Албанија. Марио течно зборува италијански, англиски, шпански и француски јазик.