Нашата цел и вредности

ЕТОС ВО СРЖТА НА НАШИОТ БИЗНИС

Етос е грчки збор што значи „карактер“ или „дух“ и го користиме за да ги опишеме вредностите што го дефинираат идентитетот на ТИТАН, кои ни се водич за начинот на кој го водиме бизнисот, со почит, отчетност и одговорност.

Ги усвоивме водечката цел и корпоративните вредности на ТИТАН:

НАШЕТО ЛОГО

Во 2024 година дочекавме ново поглавје во патувањето на нашата компанија. Го претставуваме нашето ревитализирано лого кое со својот нов визуелен идентитет е доказ за нашата посветеност да направиме позитивно влијание врз светот и ја опфаќа суштината на тоа кои сме и за што се залагаме додека влегуваме во нова фаза на раст и иновации. Нашето еволуирано лого ја интегрира историјата на компанијата со тоа што останува блиску до дизајнот на претходното. Тоа ја одразува стратегијата на Групацијата која ги комбинира динамиката, иновативноста и одржливиот развој. Новата ознака „Заедно градиме подобар свет“ е сеопфатна и усогласена со нашата ревитализирана цел. Со логото кое е обликувано како глобус, го нагласуваме и глобалното присуство на Групацијата и грижата на ТИТАН за планетата. Палетата на бои ја нагласува нашата посветеност на одржливи деловни практики и иднината на градежни материјали и решенија.

НАШАТА ЦЕЛ

Нашата цел го нагласува нашиот потенцијал за општествена корист и подобрување на индивидуалните животи, и ја отелотворува суштината на нашата мисија. Во Титан, нашата мисија е да обезбедиме иновативни градежни материјали, решенија и услуги кои се неопходни за безбедни и одржливи домови, објекти и инфраструктура која им овозможува на луѓето да уживаат во животот. На секој предизвик пристапуваме со претприемнички дух, фокусирајќи се на трите клучни области: обезбедување помали емисии на јаглерод при работењето, дигитализирање на нашата организација заради врвна ефикасност и понуда на најсовремени решенија за да ги задоволиме потребите на клиентите. Заедно со сите наши засегнати страни, посветени сме на изнаоѓање начини за градење и подобрување на квалитетот на животот. Секојдневно работиме со интегритет, емпатија и одговорност кон животната средина за да содадеме посветла иднина за сите

НАШИТЕ ВРЕДНОСТИ

Се грижиме

За нас грижата не е само збор; тоа е одговорност што го обликува начинот на кој се поврзуваме со светот околу нас и етосот кој не води низ секоја наша акција.

Се грижиме за:

  • Нашите луѓе
  • Нашите клиенти
  • Нашата заедница и животна средина

Имаме смелост

Предизвиците и амбиоциозните цели не нé обесхрабруваат, туку ни даваат сила.

Имаме смелост:

  • Да работиме комплексни задачи
  • Да бидеме искрени
  • Да иновираме
  • Да научиме

Градиме за да трае

Вистинскиот успех е изграден врз темелот на трајната вредност.

Градиме за да трае и имаме:

  • Долгорочна, среднорочна и краткорочна перспектива
  • Тимска работа и соработка
  • Да иновираме
  • Постојано подобрување

Го правиме она што го зборуваме

Делата говорат повеќе од зборовите.

  • Испорачуваме резултати
  • Ги живееме нашите вредности
  • Го исполнуваме ветеното