ТИТАН Усје ги собра вработените на кварталниот Ден на комуникација, создавајќи можност за осврт на постигнатите резултати, разговор за деловните приоритети и размена на мислења за претстојниот период. Главниот извршен директор Константинос Николау и членовите на раководството им се обратија на вработените, со акцент на клучните иницијативи во областа на безбедноста и иновациите. Во рамките на програмата беа претставени обуката Leading Safety и проектот за роботски инспекции, вклучително и демонстрација на роботско куче наменето да придонесе за побезбедни и поефикасни индустриски инспекции. Настанот уште еднаш ја потврди важноста на транспарентноста, вклученоста и соработката во компанијата.

