Еколошки декларации за производи

ТИТАН Усје изработи Еколошки декларации за своите производи, со што обезбедува транспарентни и проверени информации за нивното влијание врз животната средина во текот на целиот животен циклус.

Декларациите содржат релевантни податоци за употребата на суровини, потрошувачката на енергија, емисиите и другите аспекти поврзани со животната средина во процесот на производство. На овој начин, ТИТАН Усје им овозможува на клиентите, инженерите и партнерите да носат одлуки, засновани на веродостојни и систематизирани податоци, и да избираат материјали што придонесуваат кон поодржлива градба.