ТИТАН Усје ги презентираше наодите од Студијата за социо-економското влијание, изработена од Ernst & Young, која го потврдува долгогодишниот придонес на компанијата кон националната економија, развојот на заедницата и одржливиот раст.
Настанот беше отворен со воведни обраќања на г. Константинос Николаоу, главен извршен директор на ТИТАН Усје, и г. Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Северна Македонија, кои ја нагласија важноста на одговорните компании во поддршката на економскиот раст, конкурентноста, вработувањето и создавањето долгорочна вредност.
Веќе 70 години, ТИТАН Усје е нераскинлив дел од развојот на земјата. Производите на компанијата се вградени во мостови, патишта, училишта, болници, домови и инфраструктурни проекти кои секојдневно го обликуваат животот и го поддржуваат националниот напредок.
Покрај економските индикатори, студијата јасно ја нотира и посветеноста на ТИТАН Усје кон луѓето, образованието, иновациите и животната средина. Во периодот од 2021 до 2025 година, компанијата инвестираше повеќе од 103 милиони денари во иницијативи за заедницата, со кои беа опфатени околу 37.000 луѓе преку проекти во областа на образованието, заштитата на животната средина и општествениот развој.
Како компанија, остануваме посветени на создавање долгорочна вредност преку одговорно работење, континуирани инвестиции, иновации и одржлив развој.
Им благодариме на сите партнери, институции, засегнати страни и гости кои ни се придружија на овој значаен настан и на дискусијата за улогата на бизнисот во градењето посилно и поодржливо општество.

