Во ТИТАН Усје го одбележавме Светскиот ден за безбедност и здравје при работа, обединувајќи ги вработените околу нашиот најважен приоритет – безбедноста.
На настанот, главниот извршен директор, техничкиот директор и менаџерите им се обратија на вработените со заедничка порака дека безбедноста е лична и колективна одговорност, секој ден, и на работното место и дома.
Во ТИТАН Усје веруваме дека безбедна работна средина се гради преку грижа, одговорност, отворена комуникација и континуирана посветеност.
Секоја безбедна одлука значи безбедно и здраво враќање дома.

