ТИТАН Усје го поддржа Меѓуопштинскиот натпревар по прва помош организиран од Црвен крст – Кисела Вода

04.4.2026

ТИТАН Усје беше дел од Меѓуопштинскиот натпревар по прва помош, организиран од Црвениот крст, поддржувајќи ги волонтерите и учениците од основните училишта во развивањето знаења и вештини за правилно постапување во итни ситуации.

Преку тимска работа, практични демонстрации и реални сценарија, младите учесници имаа можност да научат како смирено и одговорно да реагираат кога е потребна помош.

За ТИТАН Усје, безбедноста е основна вредност, како во нашето работење, така и во заедниците во кои сме присутни. Со поддршката на ваквите настани придонесуваме кон подигнување на свеста, превенцијата и развојот на култура на грижа и заемна поддршка кај младите генерации.

Веруваме дека побезбедни заедници се градат преку едукација, соработка и заедничка одговорност.