ТИТАН Усје учествуваше на седмиот Донаторски кружок на „Конект“

04.6.2026

ТИТАН Усје учествуваше и ги поддржа иницијативите на граѓанските организации претставени на седмиот Донаторски кружок, организиран од здружението „Конект“.

На настанот беа претставени три иницијативи со значајно општествено влијание: поддршка за лицата со афазија преку здружението „Надеж“ Скопје, подобрување на квалитетот на живот на лицата во станбени единици за живеење со поддршка преку Центарот за младински активизам „Крик“ и унапредување на пристапот до правда преку Коалицијата „Сите за правично судење“.

Со учеството во Донаторскиот кружок, ТИТАН Усје продолжува да поддржува иницијативи што придонесуваат за похумано, поинклузивно и поправедно општество.