ТИТАН Усје со гордост го поддржа концертот „Филхармонија на отворено 2026“, кој се одржа во Градскиот парк во Скопје.
Повеќе од 240 уметници и музичари од регионот го изведоа ремек-делото „Кармина Бурана“ од Карл Орф, создавајќи незаборавно културно доживување за многубројната публика. На сцената заедно настапија Филхармонијата на Република Северна Македонија, Софиската филхармонија и Државниот симфониски оркестар од Солун.
Поддржувајќи вакви иницијативи, ТИТАН Усје придонесува кон регионалната културна соработка и поврзувањето на луѓето преку музиката и заедничките вредности.
Им благодариме на организаторите и партнерите за успешната соработка и за можноста да бидеме дел од оваа исклучителна музичка вечер.

