Ја истражуваме иднината на индустријата преку иновации и технологија

30.10.2026

TИТАН Усје неодамна беше домаќин на група студенти од инженерските науки, преку IAESTE Македонија, во рамки на едукативна посета посветена на иновациите, автоматизацијата и дигиталната трансформација во индустријата.

За време на посетата, студентите имаа можност одблиску да се запознаат со примената на вештачката интелигенција и дигиталните технологии за подобрување на оперативната ефикасност, сигурноста на опремата и безбедноста при работа. Тие имаа можност да ги видат во акција и нашите автономни роботи за инспекција, ANYmal, кој помага во раното откривање неправилности во работењето на опремата и спречување потенцијални дефекти, и Rover, кој придонесува за следење на безбедноста и почитувањето на барањата за безбедност и здравје при работа.

Преку ваквите активности, ТИТАН Усје продолжува да ја зајакнува соработката меѓу академската заедница и индустријата, овозможувајќи им на идните инженери да стекнат практични сознанија за примената на современите технологии во реални индустриски услови.