Материјални прашања

Повратните информации од нашите засегнати страни ни помагаат да развиеме покохерентна, поинклузивна и поконзистентна стратегија за одржливост. Со градење консензус во области од заеднички интерес, имаме можност да оствариме ефективни партнерства, кои поддржуваат одржливи решенија на глобално и на локално ниво.

Нашата стратегија за одржливост е заснована на длабокото разбирање на материјалните прашања што влијаат врз нашиот бизнис и луѓето што зависат од нашата работа.

Имајќи ги предвид потребите на засегнатите страни, на секои две години се врши проценка и ревизија на материјалните прашања, при што се одредуваат и приоритетите за следниот период. Врз основа на последната ваква проценка, поставени се и материјалните прашања, кои ги определуваат главните столбови на деловните активности на Цементарница УСЈЕ за периодот 2018-2020:

Животна средина

  • Биодиверзитет
  • Бучава
  • Визуелно влијание
  • Емисии во воздухот
  • Енергија и климатски промени
  • Инциденти во животната средина
  • Употреба на материјали и земјиште
  • Управување со води
  • Управување со отпад
  • Циркуларна економија

Општествено делување

  • Безбедност и здравје
  • Јавни здравствени услуги
  • Култура
  • Недостаток на знаење и експертиза
  • Недостиг на квалификувани техничари
  • Одржливост на заедниците
  • Пристап до финансии
  • Управување и етички прашања
  • Управување со добавувачи
  • Управување со луѓе и нивен развој

Економско делување

  • Зголемување на сложеноста на регулативата
  • Клиенти и одржливи производи
  • Приходи и даночна транспарентност
  • Промена на закони/регулатива
  • Транспорт и демографија

Истовремено, Цементарница УСЈЕ ги поддржува Целите за одржлив развој на Обединетите нации, како и дефинираните приоритети за глобална одржливост до 2030 година, при што нашите напори и активности се насочени кон остварување на овие заеднички цели.
Поврзувањето на нашите материјални прашања со најрелевантните Цели за одржлив развој на Обединетите нации, ни помага да управуваме со нив во согласност со најдобрите меѓународни практики.