Управување со отпад

Намалувањето, повторната употреба и рециклирањето на суровините, енергијата и отпадот, се клучни елементи во заложбите и политиката за ефикасно управување со заштитата на животната средина на Групацијата ТИТАН, а со тоа и на Цементарница УСЈЕ.

Во процесот на производството на клинкер и цемент не се создава отпад или нус-производи од отпад. Тој може да се создаде само од активностите поврзани со одржување или пакување. Следејќи ги најдобрите практики за третман на ваквиот вид отпад, тој во Цементарница УСЈЕ најнапред се сепарирана местото на генерирање, соодветно се собира и привремено се складира. Во случаите кога собраните материјали не можат да се рециклираат во рамките на самата фабрика, тие се преземаат и се третираат од надворешни лиценцирани компании, вклучени во системот за колективно управување со отпад.

Целиот отпад што излегува од Цементарница УСЈЕ се мери и за него се изготвува соодветна идентификациска и транспортна документација согласно со законските барања. Со оваа постапка обезбедуваме детална информација за движењето и постапувањето со целокупниот отпад што се генерира во Цементарница УСЈЕ.