Цементаријада 2024- спортски игри во Брзече, Копаоник

10.6.2024

ТИТАН УСЈЕ секогаш е посветена на поттикнување спортски активности кои го јакнат тимскиот дух  и придонесуваат за подобрување на животниот стил на вработените. Повеќе од 50 вработени беа дел од Цементаријада, спортските игри кои оваа година се одржуваа во Брзече, Копаоник од 6 до 9 јуни во организација на Лафарж Беочин, Србија. На овие игри кои традиционално се орджуваат секоја година учествуваа и гости од ТИТАН Косјерич, Лафарж Беочин и Моравацем Поповац.

Тимот на УСЈЕ ги освои следниве награди:

  • 1во место во пикадо (жени, екипно)
  • 1во место во шах, екипно
  • 2ро место во одбојка (мажи)
  • 3то место во пинг-понг (мажи, екипно)
  • 3то место во мал фудбал (мажи, екипно)

Во 2025 година домаќин на Цементаријада ќе биде ТИТАН УСЈЕ.