Летен Kамп за Деца со Посебни Потреби

02.7.2009

Преку летниот едукативен и спортски камп децата со оштетен слух имаат можност за дополнителна забава и дружење, но и дополнителна едукација. Годинава на децата од Македонија им се придружија и децата со специјални потреби од Р. Словенија

Центарот за образование и рехабилитација „Партение Зоографски“ го организираше Летниот едукативен и спортски капм за деца со посебни потреби. Во рамките на Летниот едукативен и спортски камп децата со специјални потреби од Центарот за образование и рехабилитација „Партение Зоографски“, ќе имаат можност да се дружат и по завршувањето на учебната година.
Оваа година освен децата од Македонија на Летниот едукативен и спортски камп се приклучија и децата со специјални потреби од Р. Словенија, со што кампот доби интернационален карактер.

„Целта на овој камп е на децата со оштетен слух да им овозможи дружење, едукација, забава и спорт и во текот на летото. Децата во текот на годината се сместени во интернат во  Центарот за образование и рехабилитација „Партение Зоографски“, но во текот на летото дел од нив тешко се адаптираат во средините од каде потекнуваат бидејќи не ретко тие се отфрлени и асоцијализирани. Затоа преку овој Летен едукативен и спортски камп ние се обдиуваме да им овозможиме дополнителни содржини на овие дечиња„, вели Милисав Јовановски наставник во Центарот за образование и рехабилитација „Партение Зоографски„.

Во рамките на летниот едукативен план децата со оштетен слух имат можност да се дружат  и да ги подобрат своите комуникациски вештини. Истовремено тие преку едукација создаваат морални вредности и култура на однесување.

Одржувањето на Летниот едукативен и спортски камп е помогнато и од Титан Цементарница Усје која е долгогодишен партнер на Центарот за образовани и рехабилитација „Партение Зоографски“. Како резултат на о рамки на својата долгорочна определба за поддршка на едукативни проекти Титан Цементaрница Усје и во текот на учебната година им овозможува практична работа во рамките на компанијата со што учениците од ова училиште добиваат можност за усовршување на технички вештини и работа на машини.

Летниот едукативен и спортски камп траеше 10 дена од 15- 25 јуни, а се одржува по четврти пат.