Посети на ученици од основните училишта во Кисела Вода

16.12.2010

Образованието е движечка сила во општеството која создава промени, овозможува усовршување и напредок. Образованието е еден од главните приоритети на корпоративната општествена политика на Цементарница УСЈЕ  АД Скопје како дел од нашите заложби за создавање дополнителна вредност за сите, а најмногу за најмладите.
Секој млад човек е исправен пред огромен и значаен предизвик кога треба да направи избор на својата идна професија. Секој млад човек уште од најмала возраст демонстрира одредени таленти и покажува склоности и афинитети кон различни занимања и професии, но дали знае, дали има има увид и потребните информации за тоа што подразбира таа професија и што носи таа со себе? Што значи одредено занимање или работно место во секојдневниот живот, какви предизвици носи со себе колку и да изледа привлечно, кои се одговорности може да ги сноси?

Затоа, ние во УСЈЕ сакаме да им помогнеме на младите луѓе во пронаоѓање на своите интереси, таленти и афинитети преку директно презентирање на професиите, занимањата, работните места, функциите и одговорностите во нашата Компанија.
Така, во рамки на проектот Партнери на училиштата, УСЈЕ за учениците од завршните години во основните училишта од Кисела Вода организира посети и обиколка на Компанијата и директно.