Пролетен тим билдинг во село Вратница, Тетовско

06.5.2023

Една од многуте активности кои ги организираше Цементарница УСЈЕ за своите вработени а во насока на обележување на Светскиот ден за Безбедност и здравје при работа беше и еднодневната прошетка со организиран превоз до село Вратница, Тетовско. Повеќе од 40 вработени беа дел од оваа еднодневна ексурзија, при што имаа можност да го посетат тамошниот манастир, да уживаат во живописната природа под Шар Планина како и да ги вкусат трандиционалните јадења во еден локален ресторан.